Мени

DOT Мебел

Мебелот е сликата на еден дом, преку него се
отсликува хармонијата и пријатноста на живеењето. Нашите професионалци, преку своите идеи ќе
направат вашиот дом да добие едно ново лице попријатно за живеење. 

Нашата филозофија е создавање динамична
целина на комфорни ентериери со современ и уникатен дизајн на мебел вклопен во
функционална просторна организација. Ентериерните решенија се препознатливи
преку вештата комбинација на повеќе материјали вклопени во единствена целина.
Квалитетот на вградените материјали и внимателно решените детали го дефинираат
крајниот производ како софистициран и урбан животен простор.