Мени

За Нас

Tимот на ДОТ започна со работа во 2006 година, во Скопје. Почнавме како група архитекти-ентузијасти со желба да создаваме свеж и иновативен дизајн. Ние сметаме дека архитектурата не е само одраз на времето и на културата на современото живеење туку таа е еден од факторите што придонесува во нивното креирање. Како архитекти и дизајнери, ние се стремиме кон креирање простори што инспирираат подобар животен стил.
 Во нашиот состав своето место го наоѓаат голем број искусни професионалци коишто обезбедуваат целосна палета на услуги од областа на архитектурата и внатрешниот дизајн, коишто многупати ги имаат докажано своите работни способности и професионални услуги. Наша главна цел е да му понудиме на клиентот висококвалитетно проектиран и/или изведен објект преку успешно менаџирање на сите процеси, секогаш презентирајќи социјално-економски и еколошки одговорни решенија, притоа прилагодувајќи се на специфичните барања на клиентот, на естетиката која ја креира и достапната технологија за изведба. Обемот на услуги го опфаќа целосниот распон од идеја до реализација на проект. Горди сме што веќе ја имаме комплетната оператива за реализација на сите наши идеи. Студиото ДОТ организациски е дефинирано со четири специјализирани целини: ДОТ Архитекти, ДОТ Медикал, ДОТ Мебел и ДОТ Електрик

ДОТ Архитекти поседува:

-Сертификат ISO 9001:2008

- Сертификат ISO 14001:2004
- Сертификат OHSAS 18001:2007

- Лиценца А за проектирање

- Лиценца Б за изведба

- Лиценца за надзор

- Лиценца за ревизија
- Лиценца за вршење на енергетска контрола