Мени

Услуги

Проектирање


Тимот на ДОТ Архитекти се стреми кон
користење современи методи при процесот на проектирање, но ги инкорпорира и желбите на своите клиенти. Тимот којшто е составен од
високообразовни стручни кадри и голем број надворешни консултанти, е подготвен да одговори на секој нов
архитектонски и ентериерен предизвик. ДОТ Архитекти со својата
филозофија се стреми да го претвори секој нов проект во уникатна приказна, со
совршен баланс помеѓу дизајн и функционалност.


Инженеринг и изведба 

Без разлика дали работиме на
индивидуални барања или, пак, на масивни проекти од општествен карактер, нашиот фокус е
да поставиме високи стандарди при инженерингот и изведбата. Кон ова се
надоврзува нашата посветеност и конзистентност, кои придонесуваат
да понудиме предвидливо квалитетни завршни продукти на нашите клиенти, без разлика на типот на градба,
локацијата или секторот во кој работат.

Консултантски услуги


Доколку имате потреба од
административно-консултативни услуги, нашиот тим може да ви помогне во секој чекор од
потребните процедури. ДОТ Архитекти ги има сите потребни лиценци и референци
неопходни за проектантско-инженерски услуги.

Изнајмување на градежна опрема

ДОТ Архитекти, покрај проектантските и
градежните услуги, нуди и дел од своите градежни машини на времено изнајмување.