Мени

Интернационална летна школа за архитектура и дизајн

Инвестирањето во образованието на млади професионалци кои со нови и креативни идеи прават исчекор во промовирањето на современи архитектонски концепти претставува должност за секоја компанија која цели кон создавање  на препознатливи вредности. ДОТ Архитекти го препознава потенцијалот на новата генерација архитекти и е во постојана соработка со Факултетот за Архитектура и Дизајн на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, несебично поддржувајќи ги иницијативите кои придонесуваат за размената на идеи и искуства, а кои истовремено допринесуваат за развој на професијата.
Иницијативата за организирање на летна регионална студентска школа за архитектура во која студентите имаа можност да соработуваат и учат од најзначајните автори на светската архитектонска пракса, како што е јапонското биро BOW WOW и хрватското архитектонско студио Penezic & Rogina, ја прифативме како предизвик кој во иднина ќе се препознае преку создавањето на современи просторни реализации со кои ќе се идентификува нашиот културн контекст.

Сортирање